Ѕвездата на „Емили во Париз“ проговори за борбата со леукемија

Фото: Инстаграм

Ѕвездата на хит серијата „Емили во Париз“, чија трета сезона пристигнува на Нетфликс на 21 декември, актерката Ешли Парк проговори за драматичното време кога на 15-годишна возраст ѝ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Park (@ashleyparklady)


Актерката откри како дијагнозата на акутна миелоидна леукемија кога имала 15 години влијаела на нејзиниот пристап кон здравјето и животот. Иако сега како 31-годишна девојка, закрепнала откако во тинејџерската доба поминала речиси една година во болница каде што била подложена на ригорозна хемотерапија, Парк вели дека тоа што 1 било кажано што смее, а што не може да прави во тие критични моменти, била нејзината најголема мотивација.

„Штом ракот физички го напушти моето тело, мојата мисија беше да не дозволам да влијае на мојот живот. Не сакав тоа да ме дефинира. Луѓето беа многу загрижени за мене, а јас станав личност која во глвата има само мисла: ‘Добро сум. Не грижите се за мене. Ќе го правам што го сакам’“, рекла таа во интервјуто за дигиталниот магазин „Шејп“.


Парк, добиената инспирација по победата на ракот ја искористила за изведба на осум до девет претстави неделно на сцената на Бродвеј на самиот почеток на својата актерска кариера. Од искуството научила дека треба да се грижи за своето здравје за уште посилно да ита кон своите соништа.

„Кога толку многу настапувате, сфаќате дека вашето тело е ваш сад – тоа е ваш инструмент. Значи, мора да го третирате како таков и многу да се грижите за него“, рекла таа. Иако правела сè, од јога до трчање, пилатес и танцување, денес таа е најмногу фокусирана на „секојдневното движење“.

„Тоа понекогаш може да биде тешко со мојот распоред за снимање, па научив дека, за да останам мотивирана, морам да го приспособам типот на физичка активност на мојот живот во кој било момент“, објаснила таа, додавајќи дека денес е фокусирана на урамнотежена исхрана со акцент на растителната храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Park (@ashleyparklady)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот