Ѕвездата на „Бубалици“ го допрела дното: „Само плачев на подот бидејќи си го уништив животот“
Актерката Кејли Квоко отворено проговори за најтешкиот период во својот живот, откривајќи дека во април 2022 година, два месеца пред официјалниот развод од нејзиниот втор сопруг Карл Кук, „го допрела самото дно“.
Препорачано
Квоко, 40-годишната ѕвезда на серијата „Бубалици“ (The Big Bang Theory), изјави дека во тој период сè уште живеела во заедничкиот дом со тогашниот сопруг, со кого беше во брак три години.
„Плачев на подот, мислејќи дека си го уништив целиот живот. Тоа беше најниската точка во мојот живот. Не можев да станам. Бев целосно депресивна“, раскажа таа во неодамнешното госување во поткастот „Армчер експерт“.

И покрај тешката состојба, морала да се појави на премиерата на втората сезона од својата серија „Стјуардеса“ (The Flight Attendant) во Западен Холивуд.
„Дојдоа шминкерка и фризерка. Буквално ме средуваа додека лежев на подот. Им велев: ‘Не можам да одам’. Бев толку тажна. Патот пред мене изгледаше комплицирано. Само помислив: ‘Боже, можеби ова е крајот за мене’“, раскажа таа.
Иако разводот бил болен, Квоко нагласи дека нема ниту еден лош збор за поранешниот сопруг. „Тој е неверојатен“, рекла таа. Кук во меѓувреме продолжи понатаму и во април 2024 година се ожени со Мекензи Дразан.

Само две недели по, како што вели, „пеколот“ низ кој поминала, на наговор на својот менаџер присуствувала на премиерата на четвртата сезона од серијата Озарк („Ozark“), каде што го запознала својот сегашен вереник, актерот Том Пелфри. „Имам чувство дека со него ќе го поминам животот“, ѝ напишала на својата најдобра пријателка веднаш откако го разгледала неговиот профил на Инстаграм. Две недели подоцна навистина се запознале.
Квоко и Пелфри на 30 март ќе го прослават третиот роденден на ќерката Матилда Кармин Ричи. Актерката призна дека долго време не верувала дека ќе стане мајка.
„Никогаш не мислев дека ќе имам деца. Секогаш ги сакав, но ми се чинеше дека ја пропуштив таа шанса. Потоа го запознав Том. И двајцата силно го посакувавме тоа. Лесно останав бремена и пресреќни сме“, раскажа актерката.


