Џорџ и Амал Клуни ја повикаа Германија да ги истражи руските воени злосторства: „Време е зборовите да се претворат во дело“

Фото: EPA

Сопружниците Џорџ и Амал Клуни сакаат германските обвинители да ги истражат злосторствата извршени од руските сили во Украина, вклучително и ракетниот напад врз Одеса во кој загинаа 22 лица, објави „Њузвик“.

Адвокатите и истражителите, кои работат за иницијативата на Фондацијата за правда на Клуни, ги доставија документите што ги собраа во соработка со украинската невладина организација „Трут хаундс“, а резултатите од нивното истражување ги доставија до Канцеларијата на Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд со цел, велат тие, „поради злосторствата извршени во Украина, највисокото руско раководство беше изведено пред лицето на правдата“.

„Сега е време да видиме како зборовите се претвораат во вистински дела. Сметаме на германските обвинители да преземат водство во тоа“, рече активистката за човекови права Ана Неистат.

Фондацијата за правда на Клуни вели дека тие ја поднеле тужбата во Германија бидејќи „таа држава го има она што е познато како апсолутна и универзална јурисдикција“.

Според германскиот закон, кривична истрага може да се поведе за меѓународни злосторства извршени надвор од Германија, без оглед на националноста на жртвата или сторителот или која било друга поврзаност со Германија.

„Некои луѓе што ги застапуваме или веќе живеат во Германија или се подготвени да отпатуваат таму за да сведочат“, се додава.

Покрај тоа, Германија е една од европските земји која има специјална единица за гонење воени злосторства. По руската инвазија на Украина, таа отвори „структурна“ истрага за злосторствата извршени за време на војната и собра докази релевантни за истрагата.

Беа поднесени три случаи против команданти од средно и високо ниво, кои беа идентификувани како наводни осомничени. Првиот случај претставува 11 семејства и преживеани од бомбашкиот напад во Одеса во 2022 година, во кој беа повредени 40 лица. Друг случај вклучува команданти на руските копнени сили кои „незаконски приведоа, мачеа и егзекутираа четворица мажи во регионот Харков за време на окупацијата на областа од март до септември 2022 година“. Третиот случај се однесува на команданти на руски единици кои наводно учествувале во злосторства на егзекуција, тортура, сексуално насилство и грабеж – сето тоа се случило за време на окупацијата на регионот Киев во март 2022 година.

„Нашиот тим една и пол година испрашуваше сведоци, работеше на терен, анализираше документи, прегледуваше сателитски снимки, ги подготвуваше преживеаните и семејствата на жртвите за процесот…“, рече Неистат.

Доколку случаите се прифатат, обвинителите можат да отворат кривична истрага и да издадат налози за апсење на лицата наведени во правните документи. Потоа, сторителите би можеле да бидат уапсени и да се соочат со потенцијална екстрадиција и кривично гонење. Налозите за апсење може да се пренесат и во земји надвор од Германија преку системите на Европол и Интерпол.

Украинските обвинители работат под огромен притисок и им треба сета помош што можат да ја добијат.

„Тие даваат сè од себе, но се преоптоварени и имаат ограничени опции според украинскиот закон да ги гонат командантите и организаторите на злосторствата. Сметаме дека со отворањето на овие постапки, Германија може значително да придонесе во напорите да се обезбеди правда за сите преживеани Украинци“, рече Марјна Слободианиук, шеф на Одделот за истраги во „Трут хаундс“.

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот