Џек Вилшер стави крај на професионалната кариера

Џек Вилшер/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшер, одлучи да стави крај на професионалната кариера на 30-годишна возраст.

Откако во јуни му истече договорот со данскиот тим Архус и по 14 сезони, Вилшер одлучи да замине во фудбалска пензија.

Кариерата ја започна во Арсенал каде ги помина сите младински категори, а за првиот тим на „топчиите“ дебитираше во 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Wilshere (@jackwilshere)


За десет сезони поминати во Арсенал, Вилшер одигра 197 натпревари и постигна 14 гола.
По заминувањето од Арсенал, Џек Вилшер играше за Болтон, Вест Хем и Борнмут, а минатата сезона ја одигра во данскиот Архус.

– Објавувам дека се повлекувам од професионалниот фудбал. Тоа беше неверојатно патување исполнето со многу прекрасни моменти. Се чувствувам привилегиран што имав можност да го искусам сето тоа во текот на мојата кариера. Од мало момче кое шутираше топка во дворот, до капитенската лента на мојот сакан тим Арсенал и играњето за мојата земја на Светското првенство – порача меѓу другото Вилшер преку социјалните мрежи на кои го објави своето пензионирање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Wilshere (@jackwilshere)

Тој им се заблагодари на сите соиграчи, агенти, тренери, луѓето од клубовите за кои настапуваше, навивачите како и на семејството.

– Ова е за Арчи, Далила, Сиена и Џек, се надевам дека сите ве направив горди бидејќи вие сте единственото нешто што е важно. Ве сакам сите и ви благодарам што секогаш ја задржувавте насмевката на моето лице. уживав во секој момент од мојата кариера, тоа беше патување на животот. Сега е вистинско време да го затворам поглавјето, иако имам уште многу да дадам на играта. Возбуден сум за што и да носи иднината – порача Вилшер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот