Фото: ЕПА / Принтскрин / Јутјуб

Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка: „Повеќе нема да излегувам со бели жени“

Актерот Џејми Фокс (57) ја прекина врската со 26 години помладата Елис Хакстеп, по речиси три години врска, пишува „Пејџ сикс“. За сега не е позната причината зошто парот раскинал.

Инаку, Фокс и Хакстеп почнаа да се забавуваат во мај 2022 година, кога фотографите ги фатија на јахта во Кан. Пет месеци откако актерот заврши во болница во април 2023 година, Фокс беше виден во јавноста додека Хакстеп се држеа за раце. Тие биле фатени и како се бакнуваат додека пазареле во Лос Анџелес, а биле фотографирани и на романтичен состанок во популарен ресторан.

Последен пат беа видени заедно во јавноста во октомври 2024 година, а претходно истиот месец, Фокс изведе неколку настапи во Атланта кои беа снимени за неговата специјална емисија „What Had Happened Was“. Во истата емисија, која беше објавена на Нетфликс, тој се пошегува дека „повеќе нема да излегува со бели жени“.

„Сестри, тука сум да ви кажам – излечен сум. Излечен сум од сè – нема повеќе бели жени. Сериозен сум“,  рекол актерот, кој претходно беше во шестгодишна врска со актерката Кејти Холмс.

Инаку, за време на својата емисија актерот откри и зошто завршил во болница во 2023 година. Тој рече дека бил хоспитализиран поради мозочно крварење што довело до мозочен удар. Низ солзи раскажал дека прво бил однесен на лекар во Џорџија кој му дал инјекција со кортизон и го испратил дома.

Медицинската сестра Деидра потоа го однела во друга болница каде персоналот „му го спасил животот“. Тој се присети на лекар кој ѝ кажал на неговата сестра „страшни вести“ за неговата состојба. Сепак Фокс успеа да се опорави  20 дена по операцијата.

Џејми Фокс повторно заврши во болница: Го удриле со стаклена чаша по глава за време на неговата роденденска прослава!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот