Џани Инфантино: Одлуката на Европскиот суд на правдата за Суперлигата не менува ништо

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека одлуката на Европскиот суд на правдата во корист на Суперлигата нема да промени ништо. Тој рече дека ФИФА ќе продолжи да работи на развојот на фудбалот.

– Со најголема почит кон Европскиот суд на правдата, денешната пресуда не менува ништо. Историски гледано, ги организиравме најдобрите натпреварувања во светот и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Ќе продолжиме да ги организираме најспектакуларните, конкурентни и значајни натпреварувања во светот и ќе ги искористиме нашите приходи за да го развиеме фудбалот на секој агол на планетата преку програми за солидарност кои на помалку привилегираните им обезбедуваат придобивки од овие натпревари на високо ниво – истакна Инфантино и додаде:

– ФИФА ќе продолжи да го прави тоа, како и секогаш, во тесна соработка со нашите асоцијации членки, конфедерации и сите фудбалски чинители, за ексклузивна корист на нашата игра – рече Инфантино.

Претходно денеска претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не е загрижен од одлуката на судот.

Една по друга доаѓаа официјалните реакции на клубовите дека не ја прифаќаат Суперлигата од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Селтик, Севиља, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Виљареал, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Монако, Интер, Рома, Феенорд и Црвена звезда.

Манчестер јунајтед, Атлетико и Баерн се против формирање на Суперлигата

Манчестер јунајтед, Атлетико и Баерн се против формирање на Суперлигата

Манчестер јунајтед, Атлетико и Баерн се против формирање на Суперлигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот