Џафери – Красниќи: Ќе продолжи праксата на негување на добрососедски односи со Косово

Џафери и Красниќи се сретнаа во македонското собрание/Фото: МИА

Заедничките стратешки определби и цели на Северна Македонија и Косово во однос на надворешната политика даваат гаранција дека ќе продолжи праксата на негување на добрососедските односи, констатираа денеска на средбата во Собранието, спикерот Талат Џафери и претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи.

Како што соопштија од Собранието, Џафери на средбата се осврнал на актуелната политичка ситуација во државата и го запознал гостинот со тековните активности во Собранието, нагласувајќи ја важноста од постојаната комуникација со опозицијата и одговорноста која што опозицијата ја има за напредокот на државата, подвлекувајќи ја улогата на претседателите на Комисиите и нивната улога во процесот на донесување на закони кои се пред се придобивка за граѓаните.

Во однос на билатералната соработка Џафери подвлекол дека билатералните односи се карактеризират со меѓусебна поддршка и почитување, отворен и конструктивен дијалог. Доказ за тоа се бројните меѓусебни посети и средби на претставници од двете пријателски земји и одржувањето на заедничките седници на владите на Северна Македонија и Косово.

Во сферата на мултилатерална соработка, претседателот Џафери истакна дека нашата држава има афирмативен став за пристапување на Република Косово кон сите мултилатерални и регионални иницијативи и форуми.

-Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Приштина – Белград во насока на постигнување конечен, взаемно прифатлив договор, со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на двете земји и на регионот во целост, нагласил Џафери.

Красниќи се заблагодарил за можноста да се сретне со претседателот Џафери во рамки на неговата посета на Северна Македонија и да ги продолжат разговорите кои ги започнаа на средбите во текот на официјалната посета на Џафери на Република Косово.

Красниќи истакнал дека слобода на движење на граѓаните и добрата, можностите за отворање бизниси во двете држави и генерално добрите бизнис можности се суштината на односите меѓу Косово и Македонија, а истите секако произлегуваат од солидните темели во форма на закони и регулативи кои ги усвојува Собранието.

Во однос на безбедноста и стабилноста на регионот, Красниќи нагласил дека ефектот на отворањето на пристапните преговори со Европската Унија се чувствува и во Република Косово, затоа што пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во Унијата ќе значи поголема безбедност, стабилност не само за двете држави туку и за регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот