Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Џафери го честита католички Божиќ: Празниците се посебни денови кои имаат моќ на обединување

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во свое и во името на пратениците упати честитка до католички верници по повод големиот христијански празник – Божиќ.

– Празниците се посебни денови кои имаат моќ на обединување, на дарување и солидаризирање со блиските, со далечните, со познатите, пријателите и соработниците, кога секој наоѓа нешто убаво за споделување со другите. Ширењето на мирот и спокојот во душата, гласното кажување на убавата и благородна мисла, споделувањето на трпезата и давањето таму каде што трпезата е празна е неизбежен дел и на овој убав божиќен празник, наведува Џафери во честитката.

Тој потсетува дека оваа година беше тешка и тажна за нашата земја, за нашите граѓани и изразува надеж дека „веќе нема да бидеме ставени пред такви предизвици како земја, како граѓани и како човечки суштества и во овие мигови, кога наближуваат божиќните и новогодишните празници, ширењето на позитивни мисли на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност, се должност на секој од нас”.

– Ви посакувам добро здравје и благосостојба и уште еднаш – Среќен празник!, додава Џафери во божиќната честитка до католичките верници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот