Џ.К. Роулинг / Џефри Епстин / Фото: EPA/Profimedia

Џ.К. Роулинг ги демантира тврдењата дека го поканила Епстин на претставата за Хари Потер

Авторката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, се огласи по објавувањето на новиот пакет документи од случајот Џефри Епстин, кои наводно покажуваат дека таа го поканила контроверзниот педофил на претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ (Harry Potter and the Cursed Child), пишува „Лед бајбл“.

Документите, објавени од сенатските демократи во САД, предизвикаа низа скандали, вклучувајќи и јавни тензии со Доналд Трамп, а меѓу новите јавни личности кои беа споменати се најде и Роулинг. Причината беше е-пошта од 2018 година, во која Епстин наводно бил поканет на бродвејската премиера на претставата.

Шокантно, ова се случувало десет години по неговата осуда за користење на малолетничка проститутка, а една година пред неговото апсење за трговија со малолетници.

Роулинг веднаш ги демантираше тврдењата на Твитер:

„Ова е повеќе од смешно. Ниту јас, ниту кој било од мојот тим, некогаш не сме се сретнале, не сме комуницирале и не сме го поканиле Џефри Епстин на што било.“

Истите документи всушност ја оправдуваат Роулинг. Е-поштата која се цитира како „доказ“ била стандардна покана од продуцентите на претставата, испратена до сите кои добиле билети преку јавни односи или продуценти. Роулинг била наведена само како еден од продуцентите, заедно со Сонја Фридман и Колин Календерr.

Епстин, всушност, никогаш не присуствувал на премиерата, бидејќи добил само еден билет и бил запрен на влезот. Мејловите покажуваат дека неговата покана била иницирана преку јавната менаџерка Пеги Сигал, а не преку Роулинг.

Овој развој ја потврдува вистинската улога на Роулинг – таа немала директен контакт со Епстин, туку била дел од официјалниот производствен тим на претставата.

ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот