Двојната превентивна мастектомија не ѝ обезбеди мирен живот: Манекенката Бјанка Балти боледува од карцином на јајниците
Италијанската манекенка Бјанка Балти, го шокираше светот откако објави дека болува од рак на јајниците и болеста е во 3 стадиум. И покрај сериозната дијагноза, манекенката го задржа својот позитивен став и насмевката на лицето.
На друштвените мрежи, Бјанка сподели емотивна фотографија, од болничкиот кревет, откривајќи како се соочила со тешките моменти.
View this post on Instagram
„Отидов во болница и дознав дека болката во долниот дел на стомакот всушност е рак на јајници во 3 стадиум. Тоа беше недела полна со страв, солзи, но уште толку повеќе љубов, надеж, насмевки и сила. Пред мене е долг пат, но знам дека ќе победам. Поради себе, и своите сакани, моите ќерки на прво место … Животот се случува, дајте му причина. Ракот ми овозможи да најдам убавина и покрај сите животни препреки“, напишала Бјанка.
View this post on Instagram
Иако ја изгуби косата, манекенката не се предава. Неодамна е видена на улиците на Милано, каде весело им се обрати на папараците и минувачите.
Инаку Бјанка уште порано се соочи со големи предизвици. Минатата година превентивно направи двојна мастектомија откако откри дека има генетска предиспозиција да развие карцином на дојките и матката.
„Премногу го сакам животот, ќе направам сѐ за да го зачувам“, објасни манекенката за тогашната одлука.