„Движење за пресврт“ во Србија: Не сакаме на тенкови и на хаубици, сакаме компјутери, театри, спортски терени

Младите од „Движењето за пресврт“ денеска соопштија дека изјавите на „министерот за одбрана во нелегалната Влада и висок функционер на Српската напредна партија“, Небојша Стефановиќ за можноста за воведување на задолжителен воен рок се „штетни и незрели“.

Министерот во петокот изјави дека „сериозно се размислува“ за „враќање на воениот рок“, но оти „сакаме во една широка јавна дебата, во разговор со граѓаните и стручњаците да се донесе одлука која ќе гарантира дека Војската на Србија има уредно пополнување, дека има резерва“.

Стефановиќ за ТВ Прва објасни дека со редовен воен рок, би се намалила потребата за ангажман на професионални војници, меѓутоа и да се размислува каде би биле сместени војниците и каква обука би имале.

Во соопштението на „Движењето за пресврт“ се наведува дека „младите кои сакаат да служат воен рок, имаат можност да го сторат тоа доброволно, а правење обврска или најава за тоа претставува обид за добивање на политички поени преку евтино политикантство и пропагандна милитаризација“.

„Движењето за пресврт“ го прашува министерот Стефановиќ и владеачката СНП „дали направиле истражувања колку таквата изјава ќе влијае на одлуката на младите да заминат од земјата“ и се наведува дека „според достапните истражувања, под влијание на пандемијата, дополнително би се засилила желбата за заминување од Србија на 48,1 од младите“.

– За жал живееме во земја во која претходниот министер бил дезертер и тоа за време на воените години, а новиот министер е лажен доктор на науки, чија фамилија тргува со оружје. Живееме во земја во која студентите на најголем број на факултети немаат ниту часови ниту физичко воспитување. Наместо режимот да работи нешто за да ги задржи младите во земјата, небојша Стефановиќ зборува за задолжителен воен рок, се наведува во соопштението.

Младите од „Движењето за пресврт“ наведуваат дека на младите во Србија им е доста од зборувања за војни и „сакаат компјутери, театри, спортски терени“.

– Не сакаме на тенкови и на хаубици. Тоа нека прават професионалците и за тоа нека бидат добро платени. Наместо тоа, младите, низ редовното школување, би можеле да бидат едуцирани за помош во вонредни ситуации, па и во војна. Но, пред тоа, би требало да добијат можност, по школувањето, да останат во Србија, се додава во дописот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот