Двете најголеми британски партии ги префрлаат кампањите на Фејсбук и Инстаграм

Велика Британија знаме фото EPA-EFE/LAURENS VAN PUTTEN

Количината на пари што ја трошат Конзервативната и Лабуристичката партија во Велика Британија на платформите Фејсбук и Инстаграм е зголемена за повеќе од 10 пати од почетокот на 2023 година, пренесува Скај њуз.

Се очекува вложувањата да се зголемат за дополнителни 80 отсто откако платформите ги сменија правилата за „таргетирање“ на политичките реклами, така што тие сега ги фаворизираат двете најголеми британски партии.

Малите партии се пожалија на промените, а либералдемократите велат дека правилата за претстојните избори се направени за да се фаворизираат конзервативците, за кои тврдат дека се партијата со најдлабоки џебови.

Од сите политички реклами на платформите на Фејсбук и Инстаграм во Велика Британија, Конзервативната партија пласираше 52 отсто од нив, Лабуристичката партија 45 отсто, а Либерал-демократите платија само 1,6 отсто од рекламите, Зелената партија 0,5 отсто и Реформистичката Партија 0,2 отсто.

Скај наведува дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм постари од 50 години веројатно ќе видат реклами на Конзервативната партија за економијата, или лабуристи за порастот на насилството со оружје, додека лицата под 40 години веројатно ќе ги видат пораките „директно“ од премиерот Риши Сунак или од Лабуристите за затајувачите на данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот