Двегодишно дете почина на Детската клиника, позитивно на ковид со повеќе коморбидитети

Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје, починало вечерва на Детската клиника со ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори. Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот изутринава како итен случај од Битола и интубирано. Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.

Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.

Според наши информации од други вработени во клиниката детето немало операција за срцевата маана, имало исклучително тешко дишење на прием, ЕКГ не било направено, а вработените четири пати менувале монитор и носеле од спратови апаратура затоа што ургентниот центар бил затворен и специјално отворен за ова дете во текот на изминатата ноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот