Две врвни диџеј имиња – ТОП најава за топ журки во Интермецо!

Кафулето Интермецо вториот дел од летната сезона го продолжува онака како што почна – со одлични журки и врвни диџеј имиња! Најдоброто допрва ќе следува, но ако се држиме до онаа дека денот по утрото се познава тогаш вечерашниот сет на Chris Child и оној на Dino MFU, кој гостува утре, нема дилема дека ова е одлична најава за она што ќе се случува таму, а дека Скопје го има најурбаниот локал и местото со најдобри журки.

Chris Child е роден во Атина и важи за еден од ретките артисти кои секогаш се мотивирани да прават експерименти и да излегуваат надвор од границите на модерната електронска денс музика. Неговото име е позиционирано меѓу најдобрите во соседството и со години важи за резидент во најдобрите клубови, како легендарниот Cavo Paradiso на Миконос. Неговите сетови се микс од хаус до техно, полни со свежина и новитети – резултат на неговите истражувања во музиката.

Dino MFU е еден од најпознатите диџеи во соседството, чии почетоци во светот на музиката се поврзани со Њујорк. Соработкоте со Луи Вега, Тими Регисфорд и Квентин Харис одиграле значајна улога во создавањето на неговиот музички идентитет. Неговиот основен принцип е – никогаш не прави компромис и никогаш не свири нешто што не те претставува, токму во ова се крие неговата посебност. Гостувањето на Дино е закажано за утревечер, се разбира, во Интермецо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот