Две наставнички од скопско училиште заразени со коронавирус испратија првачиња во 14 дневна изолација

Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар од синоќа се во 14-дневна изолација, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот. 

Информицијата за „Слободен печат“ ја потврдија родителите на децата, кои не сакаат да говорат јавно за проблемот. Сепак, потенцираат дека наставата продолжила да се одвива тековно за сите дечиња онлајн.

Кај родителите посоти неизвеснот и страв, бидејќи освен што постои ризик децата да се заразени, голем е ризикот и за бабите и дедовците кои ги земале своите внучиња од училиште. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот