Две момчиња починаа од менингитис во Британија — стотици студенти со маски чекаат во ред за антибиотици
Студент на Универзитетот во Кент и средношколец починаа од менингитис во епидемија што се прошири во областа Кантербери во Велика Британија, додека 11 други луѓе се во болница во сериозна состојба, објавува денеска „Скај њуз“.
Препорачано
Се проценува дека поголемиот дел од хоспитализираните поради менингитис се на возраст меѓу 18 и 21 година, а некои се студенти.
Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) соопшти дека контактирала со повеќе од 30.000 студенти, персонал и со нивните семејства за да ги информира за епидемијата, а на жителите на одредени студентски сместувачки блокови им било кажано да почнат да земаат антибиотици без одложување.
Стотици студенти Универзитетот во Кент со маски, во паника, денеска од раните утрински часови чекаат во ред за да дојдат до антибиотици.
Студенти на Универзитетот во Кент пријавиле дека виделе амбулантни возила и луѓе во заштитни одела пред нивниот сместувачки капацитет откако еден студент бил однесен во болница со менингитис.
Деветнаесетгодишно момче изјавило дека видел „многу заштитни одела“ и луѓе „како трчаат наоколу, обидувајќи се да го средат тоа“.
„Всушност не го видов човекот, но го видов видеото како го изнесуваат со количка“, рече тој, додавајќи дека студентот изгледал „како бел како паста“.
Дел од студентите изјавиле дека ќе се вратат кај своите семејство поради епидемијата.
Менингитисот е инфекција на заштитните мембрани што го опкружуваат мозокот и ‘рбетниот мозок и може да биде сериозна ако не се лекува веднаш.
Се испитува можноста епидемијата да е поврзана со општествен настан во Кантербери на кој присуствувале некои од болните. Сите случаи на менингитис се откриени во последните два дена.


