Две маски од само 3 состојки: Подочниците исчезнуваат за една недела

Направете ги овие маски и победете ги темните кругови околу очите…

Подочниците се порака дека нашето тело трпи некои промени, најчесто се последица на замор и непроспиени ноќи.

Некои луѓе се поподложни на нив од другите, а сето тоа влијае и на изгледот на лицето. За да се ослободите од непријатните темни кругови околу очите, направете ги овие две природни маски.

Маска со компир

Компирот е полн со витамини и минерали кои го отстрануваат заморот на кожата од лицето, подочниците и брчките. Станува збор за зеленчук кој го освежува и го омекнува тенот и одговара на било кој тип на кожа.

Овој третман е одличен во случај очите да ви се црвени и водени од премногу време поминато на компјутер.

– компирот излупете го, измијте го и исецкајте го.
– нанесете свежи кришки на очите и оставете ги да стојат околу 15 минути.
– отстранете ги од очите и измијте ги со ладна вода.

Постапката можете да ја повторите наутро и навечер. На тој начин резултатот ќе биде уште повидлив, па подочниците ќе исчезнат за само една недела.

Маска со кафе и кокосово масло

– Помешајте малку кафе со неколку капки кокосово масло
– Со краевите на прстите, нанесете од смесата на подрачјето околу очите и втријте ја со нежни кружни движења.
– Оставете ја маската на лицето 10-15 минути, додека целосно да се исуши.
– Отстранете ја маската со помош на туфер или хартиени марамчиња.
– Измијте се на вообичаениот начин и доколку сакате нанесете на лицето хидратантна крема.
– Повторувајте ја постапката неколку пати неделно

Комбинацијата од кафе и кокосово масло ќе ви помогне да се ослободите, не само од подочниците, туку и од поткожните воспаленија и отоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот