Фото: Wikimedia Commons / Jesse Palmer

Две малолетнички од Скопје повредени при пад од електричен тротинет

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје, 15-годишна малолетничка од с.Инџиково, скопско, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката и нејзината 14-годишна сопатничка, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот