Две лица убиени, а шест повредени пред почетокот на женското Светското првенство во Нов Зеланд

Фото: ФИФА

На само неколку часа пред почетокот на Светското првенство за жени кое ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд во Оукленд се случил инцидент во кој биле убиени две лица, објавија медиумите.

Мундијалот веќе започна со натпреварот на домаќинот Австралија против Норвешка, а пукањето се случило во близина на хотелот каде што биле сместени Норвежанките.

Полицијата објави дека во инцидентот покрај двете жртви имало и уште најмалку шест повредени, напаѓачот бил ликвидиран од властите.

Со соопштение се огласи и ФИФА наведувајќи дека инцидентот не е поврзан со Светското првенство.

„Станува збор за изолиран инцидент за кој сме известени, нема ништо поврзано со фудбалските настани во градот и отворањето на Светското првенство“, објавија од ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот