Две крводарителски акции неделава, минатата седмица собрани 45 единици крв

Неделава општинска организација на Црвен крст Тетово, заедно со стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово организираат две акции за крводарување на тетовското подрачје.

Првата акција е во просториите на касарна на АРМ “Кузман Јосифоски Питу” – Тетово, на ден 13.08.2020 година четврток, со почеток од 9 до 14 часот. Во просториите на горна Џамија во село Нераштепштина Теарце следниот ден петок 14.08.2020 крводарување е предвидено од 13.30 до 16 часот – информира Шкљќим Мурати, секретар во Црвениот крст.

Во текот на минатата недела во акцијата за крводарување во Челопек се собрани 13 единици крв додека во сите работни денови во Службата за трансфузиологија при Клиничка болница Тетово 32 лица дарувале крв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот