Две јајца не се доволна количина протеини за појадок – еве што уште треба да им додадете

јајца
Фото: Pexels

Велат дека во моментов владее и тренд на токсична култура на исхраната каде од сите страни сме „бомбардирани“ со совети што и како да јадеме.

За жал, ова често доаѓа од оние кои не се квалификувани да споделуваат совети за нутриционизам, а советите за тоа што треба да се јаде во еден ден може да предизвика само голем број проблеми со исхраната. Поради оваа причина, бројни нутриционисти почнаа да објавуваат приказни за здрава исхрана на социјалните мрежи и да ги поправаат грешките на другите.

Зошто се важни протеините?

Секоја намирница има свој термички ефект, односно за да може телото да ја свари потребно е да се потроши одредена количина на енергија. Но, протеините имаат просечно трипати поголем термички ефект отколку јаглехидратите и мастите. Храната богата со протеини значително го забрзува метаболизмот и ја зголемува потрошувачката на калории. Кардиоваскуларните болести се најчеста причина за смрт во светот. Високиот холестерол, особено она што го нарекуваме лош холестерол (ЛДЛ) е еден од факторите на ризик за срцеви заболувања. Студиите потврдија дека внесот на протеини е точно поврзан со намалувањето на нивоата на ЛДЛ холестеролот.

Сите видови на протеини, и растителни и животински, имаат значително позитивно влијание врз здравјето на коските. Луѓето кои јадат повеќе протеини одржуваат подобар квалитет на коските, што е исклучително важно во староста кога тоа значи намален ризик од фрактури и остеопороза.

Еден од популарните митови е дека две јајца за појадок се идеална мерка за протеини. Дали е тоа така, објаснија нутриционистката Бриерли Хортон, која исто така води успешен подкаст, како и Ванеса Рисето, нутриционистка. Тие сметаат дека две јајца не се доволна количина на протеини во појадокот, но и откриваат што треба да се додаде за да се задоволи препорачаната количина на протеини во денот.

Колку протеини треба да се додадат во појадокот?

Рисето вели дека внесот зависи од фактори како што се тежината, количината на активност, возраста и желбите на некои од нив, но околу 25-40 грама протеини се добра мерка за појадок. Нутриционистката додава дека многу студии покажале дека 30 г протеини во секој оброк ќе помогне да се одржи здравјето на мускулите и здрава телесна тежина.

Две јајца ќе понудат околу 12 г протеини, ако сакате да дојдете до 30 г, треба да додадете друг извор на протеини, објаснува таа.

Внесувањето доволна количина протеини во организмот не само што значи градење мускули, туку и долговечност, здрава кожа и нокти и силен имунолошки систем. Потребно е само малку за вашиот појадок да ја задоволи таа потреба.

Како да добиете доволна количина протеини?

Секако, нема ништо лошо ако за појадок изедете јајца, бидејќи тие се вистинска ризница на протеини, витамини, масти и минерали и всушност се клучен извор на хранливи материи кои се важни да се внесуваат: витамин Б12, цинк и холин. Рисето смета дека е неопходно да се јаде појадок кој ќе содржи доволно количество протеини, масти и јаглехидрати. Формулата е важна за секој оброк, но особено за појадокот, бидејќи ќе влијае на шеќерот во крвта, нивото на енергија и многу повеќе.

Што да се додаде? Хортон смета дека ако јајцата се вашиот прв избор, не мора да ги избегнувате, само на вашиот оброк додадете малку грашок, протеински леб или направете сендвич со јајца.

Додава и дека таа лично сака со јајцата да изеде и зрнесто сирење кое е полно со протеини, а користи и посно мисиркино месо или здраво парче леб за оброкот да биде комплетен. Во просек, зрнестото сирење содржи околу 25 грама протеини, а покрај тоа, ова сирење содржи и аминокиселини кои му помагаат на организмот во создавањето нови протеини. Тој е одличен извор и на здрави масни киселини и затоа е идеален за луѓето кои страдаат од дијабетес.

Ако, пак, сакате да додадете повеќе јаглехидрати и влакна во појадокот, искористете овошје или житарки кои можат одлично да се комбинираат со пржени јајца или можете да подготвите богат густ пијалак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот