Две години од смртта на Корнелие Ковач: Неговата ќерка му посвети емотивна порака на Инстаграм

Фото: Инстаграм/Александра Ковач

Српскиот композитор Корнелие Ковач почина на денешен ден пред две години, а зад себе остави бројни музички композиции кои и ден-денес важат за вистински евергрини.

Неговите ќерки Александра и Кристина тргнаа по неговиот пат и изградија успешна кариера како пејачки и композиторки на забавна музика.

Александра денеска се присети на својот татко и му посвети емотивна објава на својот инстаграм-профил.

„Пред две години, на денешен ден, нè напушти Корнелие Ковач – најголемата музичка легенда која некогаш живеела на овие простори и мој татко.

Многу ми недостасуваш, сурово и неповратно. Ми недостасува да пеам додека ти свириш на пијано, бидејќи тоа секогаш ми беше неповторливо искуство. Се слушавме еден со друг, се чувствувавме во секоја нијанса од музицирањето и одевме на некое друго, вонвременско место каде што што бевме поврзани со невидлива нишка, направена од љубов и музика.

Ми недостасува да ми се јавиш за да провериш како сум, да те бакнам во чело и со часови да слушам како свириш. Но, најмногу од сè ми недостасуваат твојата насмевка, силата, добрината, љубовта и смиреноста.

Те сакам до крајот на музиката и назад“, напиша Александра на својот инстаграм-профил.

Корнелие и Александра Ковач / Фото: Инстаграм/Александра Ковач

Почина легендарниот композитор Корнелие Ковач

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот