Две години биле во необична врска, без допири: Колин Фарел ги откри деталите од платонската љубов со Елизабет Тејлор!

Била постара од него речиси четири децении…

Колин Фарел е заводник кој крши срца ширум светот и речиси да не постои девојка која не паднала на неговата убавина и шарм.

Сепак, можеби некои ќе се разочараат кога ќе слушнат дека Колин бил во врска со починатата Елизабет Тејлор која беше дури 36 години постара од него.

Фото: Профимедиа

Елизабет почина во 2011 година, а две години потоа Колин ја откри нивната врска за која до тогаш знаеле многу малку луѓе.

Фото: Профимедиа

Актерот ја запознал дивата на не толку романтично место – во болница, а заедно биле речиси две години. Сепак, никогаш не се случил вистинскиот допир, никогаш тие не воделе љубов, иако Колин сакал да биде нејзиниот деветти маж, наведуваат медиумите.

Фото: Профимедиа

„Беше тоа всушност, барем во мојата глава, последната романтична врска која сум ја имал и која, нормално, никогаш не беше консумирана“, призна Фарел во 2013 година.

Нивната врска, инаку, главно била телефонска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот