Двајца повредени во судар на мотор и автомобил кај Струмица

Фото: Принтскрин

Полицијата извести дека вчера во 14.15 часот на регионалниот пат Струмица – село Баница се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ управуван од Д.А.(28) од Струмица и автомобил „цитроен Ц4“ управувано од А.К.(75) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица, а полесно е повредена сопатничката на мотоциклот С.Ф.(35) од струмичкото село  Вељуса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот