Двајца братучеди од Македонија загинаа во Италија

Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат.  

Братучедите Марија (25) и Методи Витанов (26) утринава загинале во сообраќајна несреќа која се случила во Пјаченца, Италија. Нивниот автомобил „клио“ од засега непознати причини удрил во дрво. Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат.

Марија Витанова, според италијанските медиуми, била во посета на Италија во посета на роднини. Вчера била излезена со својот братучед. Несреќата се случила на пат кон неговата куќа.

Според пишувањата во италијанските медиуми,  местото каде се случила собраќајната несреќа важи за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Се шпекулира дека братучедите кои загинале во сообраќајната несреќа се ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот