Двајцата имаат по 22 грен слем титули, но Рафа Надал по еден параметар е пред Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новак Ѓоковиќ неодамна се врати на врвот на АТП листата со освојувањето на 10 „Австралија опен“ и на тој начин стигна до 22 Грен слем пехар исто како и Рафаел Надал.

Но, Шпанецот по еден параметар е подобар од Србинот, а станува збор за победи над Топ 10 играчи на Грен слем турнирите.

Ѓоковиќ има 25 победи на „Австралија опен“ над Топ 10 играчи, додека Рафа има уште седум повеќе на „Ролан Гарос“.

Рожер Федерер од Швајцарија застана на 21 победа на „Австралија опен“ и 19 на „Вимблдон“, а 19 има и Иван Лендл на „УС Опен“.

1. Рафаел Надал – 32 победи (Ролан Гарос) 2. Новак Ѓоковиќ – 25 (Австралија Опен) 3. Рожер Федерер – 21 (Австралија Опен) 4. Рожер Федерер – 19 (Вимблдон) 5. Иван Лендл – 19 (УС Опен).

Директорот на Австралија Опен: Ѓоковиќ го освои турнирот со тешка повреда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот