ВИДЕО | Монако поразен од Лион, ПСЖ и официјално шампион во Франција
Екипата на Монако вечерва беше поразена со Лион од 2:3 и така Пари Сен Жермен веќе и математички е нов шампион во Лига 1.
Работите тргнаа добро за Монако бидејќи Бен Једер уште во првата минута го отвори резултатот, но Лион веќе до крајот на првиот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 1:2.
Бен Једер со својот втор гол на натпреварот израмни на 2:2 во 60. минута. Победата за Лион ја обезбеди Фофана во 84. минута.
Во овој момент Лион е седми со 44 бода, додека Монако е на второто место со 58 бода, 12 помалку од ПСЖ на три кола до крајот на првенството.
🏆 1986
🏆 1994
🏆 2013
🏆 2014
🏆 2015
🏆 2016
🏆 2018
🏆 2019
🏆 2020
🏆 2022
🏆 2023
🆕🏆 𝟐𝟎𝟐𝟒#ParisiensEtChampions pic.twitter.com/UmH15VkoL6— Paris Saint-Germain (@PSG_English) April 28, 2024