Македонските ракометари ќе бидат наградени со два милиони денари за пласманот на Мундијалот

Првиот човек на РФМ Живко Мукаетов со ракометарите го слави пласманот на СП 2025/фото: РФМ

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија со херојска победа над селекцијата на Фарски острови во бараж реваншот од 34:26 во преполната сала „Борис Трајковски“ обезбеди деветто учество на Светските првенства.

Ракометарите предводени од селекторот Кирил Лазаров ја анулираа негативата од првиот меч од седум голови од гостувањето во првиот меч и извојуваа уште една историска победа во еден бараж двомеч со кој го продолжуваме континуитетот на учества на големите натпреварувања.

Македонија во јануари во 2025 ќе биде дел од СП во Хрватска, Данска и Норвешка и според најавите ќе биде во третиот шешир.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), како што најави уште во март, за пласманот на Мундијалот на нашите најдобри ракометари ќе им одреди парична награда во висина од два милиони денари нето износ за пласманот на СП 2025.

Ракометарите заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, по реваншот со Италија, го славеа пласманот на Мундијалот.

Потсетување дека истата премија од два милиони денари нето износ беше одредена и за најдобрата македонска женска ракометна репрезентација која успеа преку квалификациите да обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи годинава во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот