Французите ќе ја исправат неправдата кон Левандовски од 2020 година?

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Според последните информации на француските медиуми, Роберт Левандовски би можел да ја добие „Златната топка“ за 2020 година кога ова признание не беше доделено поради коронавирусот.

Во таа сезона иако се одиграа сите предвидени натпревари, а Левандовски доминираше на теренот, „Франс Фудбал“ одлучи дека „Златната топка“ нема да се доделува.

Левандовски како фудбалер на Баерн Минхен со кој стигна до тројна круна сезоната ја заврши со 55 постигнати голови.

Една година подоцна полскиот напаѓач тесно загуби во трката за престижното признание од Лионел Меси. Тогаш се шпекулираше дури и дека Пари Сен Жермен преку сопственикот Ал Келаифи кој има функција во УЕФА и е близок до Чеферин извршил притисок Аргентинецот да ја добие наградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот