УЕФА може да ги суспендира шпанските клубови од европските натпреварувања?

Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Eвропската фудбалска унија (УЕФА) би можела да ги исфрли шпанските клубови од европските натпреварувања, доколку политиката се вмеша во фудбалот.

Од УЕФА постојано ја следат ситуацијата во Шпанија, а претходно се најавуваше тужба од Барселона до националниот сојуз поради ситуацијата од „Ел Класико“ за која сметаат дека се оштетени за „чист“ гол. Оваа ситуација само би можела да донесе дополнителни проблеми за сојузот.

На УЕФА не и се допаѓа што Фудбалската федерација на Шпанија се уште не избрала нов претседател поради корупцискиот скандал во кој беше суспендиран Луис Рубиалес.

„ФИФА во последните години ги казни: Перу, ЧАД, Гватемала, Кенија, Тринидад и Тобаго и Зимбабве. По нив на ред може да биде Шпанија. Во Нион и Цирих беа изненадени по најавата за можната казна. Двете организации сметаат дека претседателот на Врховниот суд мора да даде објаснување за своите постапки. Последиците би можеле да се однуваат на настапот на репрезентацијата на Евро 2024 и СП 2026, како и суспензија на клубовите од европските натпреварувања“, пишува „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот