Двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советници во Општина Пласница

Избори Македонија
Избори во Македонија / Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

До Општинската изборна комисија во Пласница до вечерва се поднесени кандидатури за градоначалник и четири листи на советници за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври.

– До нашата Изборна комисија во предвидениот рок пристигнаа две кандидатури за градоначалник и тоа на актуелениот градоначалник Алија Јаоски од партијата ДУИ и на Абдулваит Карамалески од Демократската партија на Турците (ДПТ), информираа од ОИК во Пласница.

Покрај двете кандидатури за градоначалник, до Комисијата се доставени и четири советнички листи и тоа на ДУИ, со носител Амел Рамески, на СДСМ со носител Садаин Азизоски, на ДПТ со носител Рамазан Деароски и на Партијата за движење на Турците (ПДТ) со носител Менил Мукрем.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот