Двајца израелски туристи и локален водич убиени во Египет

Александрија/ Фото: Michael Runkel / robertharding / Profimedia

Двајца израелски туристи и нивниот египетски водич се застрелани во египетскиот град Александрија, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Уште еден Израелец бил ранет во нападот во неделата наутро, за кој министерството соопшти дека го извршил жител на градот. Засега нема потврда од египетските власти, пренесува Би-Би-Си.

Но, приватниот ТВ канал „Екстра њуз“ објави дека полицаец отворил оган врз група која посетувала античко римско место познато како Помпејовиот столб. Напаѓачот пукал „по случаен избор“ користејќи го неговото лично оружје, се цитира извор од безбедносните сили, додавајќи дека тој бил приведен на местото на настанот.

Снимките од последиците од нападот објавени на социјалните мрежи покажале најмалку две лица кои се очигледно мртви пред археолошки локалитет. Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека работи со египетските власти со цел што поскоро да се вратат израелските граѓани во Израел.

Престрелката се случи еден ден откако палестинската милитантна група Хамас започна напад без преседан врз јужен Израел, испраќајќи стотици вооружени лица преку границата од Газа и лансирајќи илјадници ракети. Најмалку 350 лица се убиени во Израел, додека други 313 луѓе во Газа се убиени во одмазднички израелски воздушни напади.

Египет беше првата арапска земја што склучи мир со Израел во 1979 година, но израелската политика кон Палестинците ја прави непопуларна за многу Египќани.

Во јуни, египетски полициски регрут убиле тројца израелски војници во близина на границата на двете земји. Египет соопшти дека разменил оган со војниците додека ги бркал шверцерите на дрога, но Израел рече дека станува збор за терористички напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот