Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“

Дваесет домашни филмски фестивали добија финансиска поддршка од Агенцијата за филм

Агенцијата за филм на 4 мај ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година.

Агенцијата за филм во 2026 година поддржува 20 проекти со зголемен буџет од 35 милиони денари. На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходната година, кога беа издвоени 28 милиони денари.

Дополнително, за првпат беше воведен модел на презентација (пичинг) на проектите, при што апликантите имаа можност директно да ги претстават своите концепти и програмски насоки пред стручната комисија, со цел поголема транспарентност и квалитет во одлучувањето.

Финансиската поддршка од Агенцијата изнесува до 70 отсто од вкупниот буџет на секој поединечен проект, а при изборот приоритет имаа фестивали со докажан континуитет и квалитет, како и нови, иновативни концепти со едукативна вредност и јасна меѓународна ориентација.

Со оваа поддршка, Агенцијата за филм продолжува да ги зајакнува домашните фестивали и филмски манифестации кои имаат значајна улога во промоцијата и позиционирањето на македонската кинематографија на европската и на светската културна сцена.

Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Филмските фестивали кои ја добија поддршката од Агенцијата за филм во 2026 година се: Меѓународен фестивал на етнографски филм „Етнофф“, Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола, Фестивал на европски филм „Синедејс“, Фестивал на европски авторски анимиран филм „Флипбук“, Фестивал на планински филм „Ехо“, Фестивал на медитеранскиот и европскиот филм „Преку езерото“, Меѓународен фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“, „Астерфест“ во Струмица, Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, Меѓународен филмски фестивал „Киненова“, Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, Интернационален етнографски филмски фестивал во Битола, Тетово интернатионал филм фестивал „Ода“, Фестивал на нов европски филм „Бич филм фестивал“ во Охрид, Филозофски филмски фестивал, „Винтер априкотс“ во Прилеп, Фестивал на краток филм „Филмај“ во Куманово, „Дрим шорт“ во Струга, Галичник филм фестивал и Фестивал на филм и музика „Ѕирни“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот