Душко Тошиќ има коронавирус: По обвинението од Јелена Карлеуша, човекот претрпе огромен стрес

Душко Тошиќ/Јелена Карлеуша/Фејсбук
Душко Тошиќ/Јелена Карлеуша/Фејсбук

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, позитивен е на коронавирусот и има воспаление на белите дробови.

Како што пренесоа повеќе српски медиуми, Тошиќ имал потежок облик на воспаление на белите дробови, но не е познато каде и кога се заразил, ниту дали е хоспитализиран.

ФОТО | Потресна животна приказна: Родителите го дале Душко Тошиќ во дом, бидејќи живееле во тешка беда!

Неговата сопруга Јелена Карлеуша на Божиќ го пријави во полиција тврдејќи дека ја удрил двапати и ја плукнал во лице. Поранешниот репрезентативец на Србија потоа самостојно отишол во полициската станица и дал изјава. Му беше изречена итна забрана за приближување на пејачката и му беше продолжена 30 дена.

Тој изјави на својот инстаграм профил дека неговиот приватен живот не е работа која треба да се влече по интернет.

„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во врска со спорт и хуманитарни дела. Нажалост, тоа не е случај и морам да се обратам до сите на овој начин. Секаде сум претставен како насилник, иако не подддржувам насилство ниту се служам со него. Оние што ме познаваат, знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде господин. Ќе останам доследен на себеси и ќе ги игнорирам измислиците. Ќе чекам да помине овој лош ветер против мене“.

Семејно насилство наместо семејна прослава: Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ на Божиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот