Дури 962 смртни случаи од ковид-19 во последните 24 часа во Германија

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Германија бележи рекордна бројка од 962 смртни случаи во последните 24 часа, една недела по воведувањето на строгите затворања што принудија затворање на повеќето продавници, фризери и другите услужни дејности.

Вкупно 27.968 смртни случаи се пријавени во земјата, според Институтот за заразни болести Роберт Кох (РКИ).

Претходниот рекорден дневен биланс на смртност бил 952 пациенти, пријавени на 16 декември на денот на влегувањето во сила на затворањето.

Германија релативно добро управуваше со пандемијата ковид-19 во првиот пролетен бран во споредба со другите европски земји.

Но, последните месеци се забележува нагло зголемување на бројот на заболени и смртни случаи, и обидот да се намали бројот на заразени со делумно затворање, во кој продавниците и училиштата останаа отворени, пропадна во ноември.

Источногерманската провинција Саксонија е сериозно погодена од вториот бран и забележала најголем број на смртни случаи по глава на жител за време на пандемијата, со околу 57 смртни случаи на 100.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот