Дуковски: Боки-13, Миле Јовановски и Христина Блажевска се невини

Фото: СП. / Драган Митрески

Бојан Јовановски-Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска се невини. Ова денеска во судсница го кажа адвокат Сашко Дуковски во завршните зборови за процесот „Меѓународен сојуз“.

Обвинението претставува законски недозволена компилација на правни наводи, со цел, ако се нафрлат повеќе факти, тогаш да се смета дека обвинетите го извршиле кривичното дело. Прво се вели дека Бојан Јовановски ги искористил документите на „Меѓународен сојуз“, па потоа, како физичко лице ги врши измамите. Или е едно или е друго. Не може дејствието да биде стави се што сметаш, па нешто ќе помине. Мене не ми е јасна една работа, зошто во ниту еден момент не беа споменати двата договори склучени со „Пелистер“ и „Дрим билдинг“, а мораа да бидат споменати. Ова е веројатно прв случај во историјата за ваква наводна измама, а прв е затоа што не може да има ваква измама“, посочи Сашо Дуковски.

– Ардијан Амзоски не е ништо повеќе од полномошник во 2017 година на „Дрим билдинг„ и не може да биде оштетен. Кој е оштетен Силјан Мицевски или „Пелистер“? Не знам дали Силјан е оштетен или сведок, а третиран е како сведок. Како тоа е Силјан Мицевски измамен од страна на Бојан Јовановски кога тој на расправа пред овој суд на 29.4.2021 година наведува дека прочитал за овој проект и затоа пристапил и стапил во контакт со „Меѓународен сојуз“ се со цел да се остварат тие проекти кои што се однесуваат на Меѓународниот сојуз а тоа е изградбата на дом за стари лица. Од кога овој сведок почувствува дека е измамен? Дали почувствува во моментот кога даваше исказ пред Обвинителството во својство на граѓанин кој дава известие? Па и тогаш, а и надвор, наведе дека не се чувствува измамен и дека верува во тој проект. И одеднаш се поставува измамен откако доби финансова контрола и беше под наводници да поднесе кривична пријава за измама. Судот не го прифати тој доказ за да се утврди тоа – додаде Дуковски.

Во врска со Миле Јовановски, адвокатот Дуковски кажа дека докажале дека не перел пари, туку истите му се од продадени два станови и дуќан. Бизнисмените Ардијан Амзовски и Силјан Мицевски си ги бараат парите кои ги дале за изградба на старечки домови. Во нивно име на денешното рочиште каде се даваат завршни зборови зборуваа адвокати кои добија полномошно да ги застапуваат.

– Се приклучувам кон кривичниот прогон, пред јавувам отштетно побарување. Пред јавувам и трошоци, рече Маја Дојчиновска, адвокатка на Силјан Мицевски кој е управител на „Пелистер“.

И адвокатката за која судијката кажа дека е полномошник на Ардијан Амзовски најави дека си бараат оштета од обвинетите.

Боки 13 и Фросина Ременски побараа изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот