Фото: Dubai Basketball

Дубаи го совлада Партизан во првиот натпревар од АБА-финалето

Кошаркарите на Дубаи поведоа со 1:0 во финалната серија од АБА-лигата. Тимот на тренерот Александар Секулиќ го победи бранителот на трофејот, екипата Партизан со резултат од 99:93.

За белградскиот тим ова беше петти меч во Дубаи во сите натпреварувања и сè уште нема ниедна победа.

Дубаи одигра одличен меч и имаше постојано водство, а на паузата замина со предност од девет поени (53-44). Партизан во вториот дел малку се созема и ја доби во своја полза третата четвртина, но потклекна во последниот период, препуштајќи му го триумфот на мотивираниот ривал. Дубаи имаше во три наврати и +15, со што јасно стави до знаење дека е порасположен од српскиот претставник.

Муса со 22 поени беше најефикасен на натпреварот, додека пак кај Партизан се истакна Браун со 20 поени.

Партизан ќе има можност за „брејк“ во сабота од 18:00 часот, за кога е закажан вториот натпревар, исто така во Дубаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот