Дуа Липа објави слика на која пишува: „Зошто Косово нема да биде Србија“, па следеше одговор од Карлеуша! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа во повеќе наврати го поддржа одвојувањето на Косово и Метохија од Србија.

Со тоа продолжи и сега, па на својот профил на Инстаграм, поточно на „стори“ сподели инстаграм објава која гласи „Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.

Ова го забележа и познатата српска пејачка Јелена Карелуша, која и одговори на Дуа Липа.

– Драга Луа Липа, те сакаме тука во Србија. Екстремизмот на кој било начин не е одговор (знаеш дека косовскиот лидер во Хаг се соочува со обвининие за воени злосторства и слично. Можеш да најдеш лоши луѓе на двете страни). Те молам користи ги социјалните мрежи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово да бидеш со својот народ). Испраќам многу љубов на сите добри луѓе, ширум светот – напиша Ј.К. во нејзиниот инстаграм-пост споделувајќи ги фотографиите кои ги објави Дуа Липа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот