ДСЗ апелира сите фирми и институции да ги проверуваат хидрантите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Општина Кавадарци, Противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување денеска упатија апел редовно да се проверува противпожарната хидрантска мрежа од страна на сите правни субјекти, институции, училишта и болници.

Тие потсетија на Законот за заштита и спасување, правилниците за технички нормативи за хидрантска мрежа за гаснење на пожар и за начинот на одредување на местата на кои задолжително треба са се наоѓаат уредите и инсталациите за заштита од пожари, другата противпожарна опрема, средствата за гасење на пожар и противпожарните апарати, нивното одржување во исправна состојба, посебното обележување и достапноста за употреба.

Притоа нагласија дека според правилникот за одржување на хидрантската мрежа, правните субјекти се должни да извршат контрола на хидрантската инсталација најмалку еднаш годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот