ДС: Наместо Алијанса да стане дел од Владата, СДСМ и ДУИ да се консолидираат
Идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта, смета Демократски сојуз.
Препорачано
„И со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите „Бадентер” и „балансер”, произлезени од истиот. Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија“, велат од ДС.
Според партијата на Павле Трајанов, партизацијата и етничкиот клуч, ги блокира и ги криминализира институциите.
„Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се почне со силна и неселективна борба против корупцијата. Во скрининг процесот да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информира3, велат од ДС.


