ДС го повикува Уставен суд да им ги укине привилегиите на Црвенковски и на Иванов

Фото: ЕПА/Ѓорѓи Личовски

Демократскиот сојуз бара Уставен суд по службена должност да ги укине привилегиите за поранешните шефови на државата и најави дека таков закон ќе достави до Собранието. Од ДС велат дека досега неколкупати иницирале постапка за укинување на правата на претседателот и неговото семејство по престанокот на функцијата, но дека Парламентот тие иницијативи ги отфрлал.

„Со Законот за правата на претседателот по престанокот на функцијата, покрај другото се предвидуваат следните привилегии: пензија во износ на платата што ја примал како претседател, канцеларии, тројца вработени, обезбедување, службен автомобил и возач, како и буџет од над 30.000 евра годишно“, соопшти ДС.

Од барањето ДС смета дека треба да се изземе семејството на починатиот поранешен претседател Борис Трајковски, кое според партијата, оправдано користи само дел од правата. Во целост ги користат сите права поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз смета дека без потреба се трошат огромни средства, бидејќи поранешните претседатели не извршуваат никакви активности, ниту им е загрозена личната безбедност, ниту пак нивната поранешна функција имала битно влијание во државата. Го повикуваме Уставниот суд по службена должност да иницира постапка за укинување на привилегиите на претседателот на Македонија по престанокот на функцијата. ДС има подготвено измени на законот и истите повторно ќе ги достави до Парламентот“, велат од ДС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот