Државното правобранителство од утре стапува во штрајк
Вработените во државното правобранителство од утре почнуваат штрајк кој ќе трае додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата, објави „Телма“. Во правобранителството се водат постапките за експропријација, што придонесува синдикатот на УПОЗ да се високи – дека брзо ќе се постигне договор за да се избегне застој во работата на проектите поврзани со „Бехтел и Енка“. Одлуката за штрајк и протести е поради тоа што Министерството за финансии не одобри 30 проценти додаток на плата односно не ги одобри колективните договори во кои овој додаток е предвиден. Синдикатот смета дека овие службеници се дискриминирани за разлика од вработените во Службата за општи и заеднички работи при Владата, во Генералниот Секретаријат, како и дел од вработените во здравството и образованието кои го добија додатокот.
Препорачано
Дополнително, од 14 јануари почнуваат протести на УПОЗ во четири министерства со барање за додаток на плата од 30 проценти. Протести ќе има во министерствата за економија, правда, јавна администрација и животна средина.
Протестите ќе траат по половина час, од 11 часот и 30 минути до пладне а вработените ќе протестираат пред зградите на нивните министерства.


