Државните административци ќе штрајкуваат, нема да работат по два часа во четврток и петок

Администрација / Фото: МИА

Вработените во министерствата, судовите, државните управи, агенции в четврток и петок ќе протестираат со двочасовен прекин на работата од 10 до 12 часот во знак на револт поради неусогласувањето на платите со минималната. Од синдикатот велат дека 95% од институциите не исплатиле зголемена минимална плата, а 5% исплатиле со грешки. Бараат исплата на минимална плата од 18 илјади денари, како и усогласување со минималецот за останатите вработени, односно повисоки плати за 2.806 денари.

„До сега, над 95% од институциите продолжуваат со исплата на плата под минимална плата. Останати 5% дел не знаат што да прават па не ни ја спремаат платата, а оние што се потрудиле да исплатат минимална, направиле катастрофални грешки во исплатата,“ изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ .

Од УПОЗ сметаат дека само вработените во правосудството и управите земаат плата под минималната, па затоа и револтот таму дополнително расте. Доколку нивните барања не наидат на слух кај надлежните, тие најавија радикализација на протестите. Деаноски вели дека е неразбирливо како државата не ги почитува законите кои самата ги носи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот