Државна службеничка се сликала за „Плејбој“ и останала без работа! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Руската државна службеничка по име Ана Ануфриева, ова лето доби отказ откако се пријавила на изборот за „зајачица на годината“ на рускиот Плејбој. Русинката која има 27 години и е од Тјумен, прво ги испратила своите фотографии, па потоа била повикана на фотографирање во Москва.

Откако биле објавени фотографиите се проширила приказната и останала без работа.

Смета дека била дискриминирана со тоа што како државна службеничка ја платила сметката.

„Не може само актерките, фитнес-инструкторките и блогерките да смеат да ги покажуваат своите тела. Мислам дека сите би требале да се привикнеме на тоа дека може да го прави секоја девојка која се сака себе и своето тело. Државната службеничка, лекарка и наставничка, а не само модел, пејачка или актерка“, изјавила таа.

Таа сепак нагласила дека не жали за својата одлука и дека повторно би ја направила.

Сепак таа останала без станот и не разговара со својот татко. Таа многу брзо сфатила дека работите после отказот нема да бидат лесни. Потенцијалните работодавачи не биле баш импресионирани од нејзината нова слава, а сега половина година после инцидентот е во уште полоша ситуација.

„Немам каде да живеам, немам работа, дечко, стан. Како да направив некаков криминал“, вели таа огорчено. „Татко ми не сака повеќе да комуницира со мене, смета дека го посрамотив пред цела држава. Никој не сака да ме вработи, единствено ми е жал што не сакаат да ми признаат дека е поради скандалот. Наместо тоа бараат многу лоши изговори од типот на најдовме друг кандидат или местото е веќе пополнето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот