Дрон уништи хеликоптер стациониран на воената база во Приднестровје

Хеликоптер е уништен во напад со беспилотно летало врз воена база во отцепениот молдавски регион Приднестровје во близина на Украина, соопштија тамошните проруски сепаратисти, пренесува ДПА.

– Изгоре стар хеликоптер кој стоел на пистата во нефункционална состојба, изјавија претставници на приднестровското Министерство за безбедност за руската државна новинска агенција ТАСС.  Според нив, дронот дошол од соседниот украински регион Одеса.

Нема извештаи за жртви и повредени. Локална телевизија, која е под контрола на сепаратистите, објави слики од експлозијата.

Регионот Приднестровје се отцепи од Молдавија во 1990-тите. По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, молдавските политичари постојано изразуваат загриженост за плановите на Москва за регионот. Русија, пак, која го поддржува отцепениот регион, тврди дека Молдавија и Украина подготвуваат провокации и напади.

На крајот на февруари, проруските власти во регионот побараа од Русија заштита „поради зголемениот притисок од Молдавија“.

Контингент од 1.500 руски војници е стациониран во Приднестровје, а многу од жителите на регионот имаат и руски пасоши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот