Војници на Полска / Фото: Архива

Дрон паднал врз база на полската армија

Полската воена полиција истражува пад на неидентификуван дрон во близина на зградата за радиоелектронско извидување,  денеска јави Ројтерс.

Во четврток, дронот паднал на околу седумдесет метри од складиштето за оружје во базата што се наоѓа северно од Варшава, објави Радио ЗЕТ откако падот беше потврден и од армијата.

Воената единица во Пжасниш, на 80 километри од главниот град, е одговорна за следење на радио комуникациите на северната и источната граница на Полска.

Ова го вклучува Коридорот Сувалки, стратешки важна гранична област помеѓу Полска и Литванија, членка на НАТО, и Белорусија и руската енклава Калининград. Тој коридор, долг приближно 65 километри, се смета за најранлива стратешка точка на НАТО, пишува ДПА.

Полската армија во моментов тестира системи за одбрана од дронови, додека анализата предупредува дека и покрај тоа што ја гради најголемата конвенционална армија во ЕУ, таа заостанува во клучните технологии за одбрана од дронови.

Војската денеска, како и претходно, објави дека летачки објект сличен на балон влегол во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија.

Полската гранична полиција тврди дека ваквите балони се користат за шверц на цигари и друга стока, но не може да се исклучи можноста дека нивната намена е да се тестираат реакциите на полскиот систем за воздушна одбрана.

 

Полска ја обвини Русија за падот на воен дрон на истокот од земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот