Дрита Ислами се враќа во посакуваната форма, прв настап сезонава во белгискиот Гент

фото: Атлетски клуб Работнички

Македонската атлетичарка Дрита Ислами денеска ја имаше својата прва трка во сала за оваа сезона.

Како што соопштуваат од атлетскиот клуб Работнички, Ислами се враќа во посакуваната форма.

Нашата натпреварувачка настапи на 400 метри на атлетски митинг во сала во Гент, Белгија, кој е бронзен митинг под капата на Светска Атлетика.

Резултатот кој го оствари изнесува 56 секунди и 62 стотинки доволно за 17 место, а на првата позиција во оваа дисциплина се најде Нора Суарез Маркос од Шпанија (53,94).

Најдобриот резултат и македонски рекорд во сала во оваа дисциплина на Ислами изнесува 55,84 секунди.

Новиот настап Ислами ќе го има на Балканијадата во сала која следниот ќе се одржи во Истанбул, Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот