Древна јапонска филозофија која не учи како да ги залечиме раните и да продолжиме понатаму: Знаете ли што е кинчуги?

Фото: Принтскрин/Јутјуб

И скршеното срце може повторно да се спои…

– Судбина на сите работи е тие еднаш да се скршат. Мислам дека не е толку голема работа да се биде скршен или оштетен. Сите добиваме лузни во текот на нашиот живот, но тие лузни никогаш не би требало да се сокријат. Нашите несовршености можат да означуваат раѓање на нешто ново, вели Хироки Кијокава, реставратор од Кјото.

Кинчуги е древна јапонска вештина за поправка на скршена или оштетена грнчарија. Кијокава веќе 45 години се занимава со кинчуги и им го продолжува животот на предметите кои ги спојува со лак. Тој, исто така, со златна прашина ги декорира пукнатините кои повеќе не ја грдат грнчаријата туку со внимателно исцртани златни линии ја украсуваат. Реставрираната керамика станува симбол на нежност, сила и убавина.

Многумина сметаат дека кинчуги е силна метафора за животот во кој ништо не е навистина скршено.

Фото: Инстаграм

Кинчуги главно се користи во грнчаријата, кога е потребно да се спаси некој предмет кој е долго во семејството или едноставно има посебна емотивна вредност за сопственикот.

Оштетените делови од керамиката каде се применува кинчуги техниката стануваат нов запис и украс на предметот. Главната состојка која прави чуда во обновата на керамиката е лакот, кој од древните времиња се користи во јапонскиот живот и уметноста. Просецот на реставрација може да потрае и до три месеци, со цел лакот доволно да се стврдне, па потоа да се украси со златен прав.

Многу луѓе во Јапонија веруваат дека кинчуги не учи на отпорност и ни помага повторно да ги составиме скршените делови на себе.

Фото: Инстаграм

– Овој процес може да ни помогне во склопувањето на нашите скршени делови и физички и психички. Јас се чувствувам, работејки ја оваа работа, како да ги склопувам скршените делови од себе, објаснува Кијакова. Тој смета дека нашите оштетени делови можат да се залечат и дека никогаш не треба да се откажуваме од животот.

Славењето на оштетените предмети е дел од источната филозофија ваби-саби која пронаоѓа убавина во несовршеностите.

– Обидете се да не го криете она што сте го поминале во животот, без оглед за каква несреќа станува збор. Би требало да ја прифатите и ќе бидете повторно родени поради тоа, порачува Кијокава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот