Дресер на кучиња открива: Што треба да правиме ако сакаме среќно и добро воспитано куче

Фото: Vadym Drobot / Alamy / Alamy / Profimedia

Секој сопственик на куче знае колку голем предизвик е да се справи со немирното однесување на нивниот миленик. Скокање, лаење, копање – сето тоа се активности кои може да ве исцрпат. Па, дали некогаш сте се запрашале како да го поттикнете кучето да владее со добри манири?

Дресерката Каролин, која е основач на „Гуд дог тренинг“ („Good Dog Training“), нагласува дека наградувањето на кучињата, за нивното мирно однесување често се потценува. Според неа, кучињата често добиваат поголемо внимание кога се непослушни, што ги поттикнува да продолжат со тоа однесување.

„Ако лаењето на кучето привлекува повеќе од вашето внимание, отколку кога е смирено, што мислите дека кучето ќе направи кога сака повторно да го привлече вашето внимание?“, прашува Каролин.

За да го поттикнете посакуваното однесување, важно е да не го игнорирате кучето кога е мирно. Наградувањето за мирно седење или лежење е исто толку важно како и наградувањето за добро однесување за време на прошетка.

„Нема потреба да го будите кучето ако спие, но ако е будно, тивко пофалете го, нежно галете го или подарете му награда, која и следен пат треба да поттикне смиреност, а не возбуда“, советува Каролин.

Следниот пат кога ќе забележите дека вашето куче се релаксира, наместо да го игнорирате и да поминете покрај него, дадете му мало задоволство или тивки пофални зборови. Со примена на овој пристап, наскоро може да забележите значителни подобрувања во однесувањето на вашето куче. На крајот, вашето куче ќе разбере дека смиреното однесување има позитивни последици, што ќе го поттикне да биде среќно, помирно и послушно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот