Драстично зголемување на амбулантски прегледи во ковид центарот во Тетово

Ковид центар во Тетово/ Фото МИА

Се повеќе жители од тетовскиот регион бараат лекарска помош во инфективното одделение како сомнителни случаи со Ковид-19. Ако пред една недела имало 30 прегледи и контроли, за изминативе 24 часа таа бројка е 70. За среќа мал е бројот на хоспитализирани.

-Од почетокот на Новата година бројот на заразени релативно е зголемен. Во рок од 24 часа имаше 70 контроли направено, но повеќето од нив се со лесна клиничка слика. Најмногу се со симптоми на грип, а на инфективно одделение се само седум пациенти и сите се на кислородна поддршка. Четири лица од тие седум имаат две дози на вакцини, но имаат и други компликации, како дијабетес и кардиоваскуларни болести. При јавување на симптоми апелирам да се јавуваат кај матичен лекар за натамошно лекување, изјави д-р Хасан Илјази, задолжен за комуникација со медиуми при Клиничка болница Тетово.

Според Илјази за Ковид центарот сега се користи само инфективното одделение додека во случај ако се зголеми бројот на заразени првиот и вториот кат од интерното одделение се подготвени за дополенителен број хоспитализации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот